Политика за приватност

Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна или користите некоја од нашите услуги преку истата. Собирањето лични податоци е неопходно за да ги оствариме нашите задачи и цел за безбедно плаќање и купување на нашата веб страна.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб страна;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

      2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, прашања или контакт.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашиот email: info@hisensestore.mk
  • преку пошта.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во HISENSE Store.

 

Започни разговор
1
Како може да ви помогнеме?
Здраво. Како може да ви помогнеме?