Политика за поврат на средства

ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Во случај на не испорака на платените производи, не по вина на продажното место (на пример поради не соодветна адреса, немање лице за прием на испорачаните производи, не одговарање на телефонски повици, не точен телефонски број и слично) HISENSE Store, се обврзува да ги врати средствата на трансакциска сметка на уплатувачот во рок од 15 дена од денот на утврдување на дефинитивна не можност за испорака, намалени за трошоците за испорака и враќање на производите во седиштето на компанијата.

Во случај на не испорака на платените производи по вина на продажното место по истекот на 48 часа од крајниот рок за испорака во Р. Македонија, HISENSE Store се обврзува да ги врати уплатените средства на трансакциска сметка на уплатувачот во рок од 7 работни дена.

Во случај на неусогласеност на доставениот производ со описот на производот поставен на интернет страницата, се постапува согласно писмени упатства на купувачот кој може да побара поврат на уплатените средства во рокови наведени во горниот став, или да добие процентуален попуст кој не може да надмине 40% од вредноста на погрешно испорачаниот производ / производи.

Во случај на повлекување на купувачот, односно се откаже од нарачката на производот пред достава на производот, по добивање на писменото известување од HISENSE Store, ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на НЛБ Банка АД Скопје.

Во случај купувачот, да се откаже од нарачката на производот по уредна достава на производот, HISENSE Store, откако ќе добие писмено известување од купувачот и откако ќе изврши квалитативен и квантитативен преглед на производите кои се враќаат (истите треба да се неотворени, амбалажно неоштетени, ниту со намалени квалитативни својства по ниедна основа) компанијата ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на НЛБ АД Скопје, плус трошоците за достава на производот и други трошоци кои евентуално можат да произлезат во секој конкретен случај.

Продажното место ќе повлече пари од платежната картичка на купувачот дури откако пратката ќе биде спремна за достава како во квантитативен така и во квалитативен поглед. Во случај на не можност за достава резервираните средства се ослободуваат и направената нарачка се смета за неуспешна.

Започни разговор
1
Како може да ви помогнеме?
Здраво. Како може да ви помогнеме?