Политика за достава на производ

Политика за достава на производи

Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која купувачот ја навел при регистрацијата или пак адресата која е наведена при испраќање на порачка. Ако при доставата на производи, дистрибутерот кој врши достава не успее да го пронајде купувачот на назначената адреса, Hisense Store ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот, користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка. Сите производи се доставуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Производите се доставуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање.

При преземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши во рамки на работното време на Hisense Store (пон-пет од 08:00-16:00 ч.) Сите достави се вршат само во градови и населени места во Република Македонија.

Нарачките со адреса на достава во Скопје, пристигнуваат во првиот нареден работен ден или во рок од 24-36 часа.

Доколку адресата на достава е друг град /населено место, рокот на достава е 48-60 часа, односно вториот работен ден по приемот на уплатата/нарачката.

Трошоците за достава на производите се на сметка на купувачот и тие зависат од големината и тежината на производот, а исто така од избраната компанија за достава и се плаќаат при доставата на производите. За поединечни нарачки, во зависност од продуктот, доставата може да биде бесплатна.

В А Ж Н О:

Производите кои се нарачани преку www.hisensestore.mk се доставуваат само на територијата на Република Македонија.

Оваа политика за достава на производи стапува на сила од 01 Март 2023 година. Промените во оваа политиката ќе бидат јавно објавени на веб странатa и www.hisensestore.mk најмалку 7 дена пред да стапат во сила.

Започни разговор
1
Како може да ви помогнеме?
Здраво. Како може да ви помогнеме?